Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: нападнат битолчанец на Широк Сокак, казнети 5 лица без возачка, 30 за брзо возење

На 12 септември во СВР Битола било пријавено дека во угостителски објект на ул. “Широк Сокак“ во Битола, И.X. (66) од Битола бил физички нападнат од С.X. од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 12 септември извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека пет возачи управувале возило без возачка дозвола, три возила биле нерегистрирани , брзината ја надминале 30 возачи, на мобилен разговарале четворица возачи, додека двајца други не користеле сигурносен појас.

Mission News Theme by Compete Themes.