Press "Enter" to skip to content

Фото вест: добитникот на “Златна камера 300“ за животно дело, Едвард Лакман, во Битола

Годинашниот лауреат на “Златна камера 30“  за животно дело, на јубилејниот 40. по ред интернационален фестивал на филмска камера “Браќа Манаки“, Едвард Лакман, попладнево пристигна во Битола.

Лауретот пред хотелот “Епинал“ го пречекаа директорката на “Браќа Манаки“ – Гена Теодосиевска, директорка на фестивалот и Уметничкиот директор и селектор на Главната програма – Доре Куновски.

Наградата за животно дело на Лакман му е доделена поради тоа што тој со децении е во врвот на американските и светските кинематографери, со неколку филмови оскаровски кандидати, со 2 номинации за Оскар.

Јубилејното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ свечено ќе биде отворено утревечер (сабота, 14 септември) во Центарот за култра во 21 часот.

Mission News Theme by Compete Themes.