“Пешачките премини и тротоарите се за деца, не за возила“.
Под овој слоган денес и во Битола започна одбележувањето на Европската недела на мобилност.
Како дел од денешните активности, се вршеше обележување на пешачкиот премин кај ОУ “Трифун Пановски“, а се спроведуваа и едукативни активности на повеќе локации.
Активностите продолжуваат во текот на целата недела, а утре изутрина ќе има времен режим на сообраќај кај хотелот Епинал, кога ќе биде спроведена теренска работилница на отворено, со промоција на безбедни пешачки премини.
Ќе бидат реализирани и други едукативно-креативни активности, со цел зголемување на безбедноста преку едукација и промоција.

Започна неделата на мобилност (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Независниот полициски синдикат утре ќе протестира во Битола
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло, температурата до 15 степени
- Универзитетскиот професор д-р Филип Поповски од Битола – нов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕУниверзитетскиот професор д-р Филип Поповски од Битола – нов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

- Вилсон: Пелистер оди по нова победа
- СВР Битола: двајца битолчани приведени за дрога во Крклино, приведено лице за извршување на казна




