Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Моцарто и Циле повторно заедно на трибините на ракомет

Гоце Гроздановски – Моцарто и Силјан Мицевски – Циле, две битолски ракометни легенди беа заедно на трибините во спортската сала “Боро Чурлевски“ на првиот натпревар од Лигата на шампиони, Еурофарм Работник – Спортинг.

Заедничката фотографија на Циле и Моцарто, за која неколкумина, додека ја правевме, рекоа дека е безвременска и во која има “сто тона“ ракометна историја на Битола, е ретка бидејќи тешко се наоѓа фотографија на која се двајцата заедно.

Голем потег на Еурофарм Работник и на Силјан Мицевски, да го поканат и до себе да го има Моцарто на, за ним историскиот натпревар од Лигата на шампиони.

Иако двајцата ретко ги гледаме на ракомет, сега заедно го следеа натпреварот, а Моцарто, како што не знае да премолчи, којзнае што се му има кажано на Циле, околу клубот, тимот, ракометрите, играта, организацијата, луѓето околу него, со оглед на тоа колку добро и на 80 години возраст го познава ракометот и состојбите во битоските клубови.

Но, покрај “работниот“ дел кој го имаа двајцата одлични пријатели, кои долги години покрај пријателствот ги врзува и работењето во РК Пелистер, да и  посакаме уште многу вакви натпревари да гледаат заедно, да се присетуваат на ракометните натпревари и за некои ракометни тајни кои само тие ги знаат.

More from БитолаMore posts in Битола »