Press "Enter" to skip to content

Учениците нацртаа мурал кој го украси влезот на ОУ “Св Климент Охридски“ (фото)

Живописно насликан современ мурал ги украси ѕидовите на влезот од ОУ “Св. Климент Охридски“, со мотив природа, разиграни деца кои трчаат кон виножито…Насликаниот мурал зрачи со оптимизам и пренесува порака да ја зачуваме убавата природа. Тимот ученици со менторот наставник по ликовно образование, Анкица Стевановска, создадоа дело кое го разубави училиштето и пренесува порака да не се учиштуваат ѕидовите, туку да се насликаат со креативно уметничко дело.  

Директорката, Гордана Анастасова, со голема поддршка на тимот ученици и менторот задоволна од успешно завршениот проект ни изјави:-Успешно завршен уште еден проект за разубавување на нашето училиште. Голема благодарност за овој современ уметнички мурал изработен од наставничката Анкица Стевановска и ученичките: Николина Шапарданова, Тамара Панова, Андреа Илиевска и Ангела Шапарданова. Со голема мотивација и ентузијазам го сликаа повеќе од месец и тоа во текот на летниот распуст во август.

Анкица Стевановска, ментор на тимот ученици ни кажа:-Трудот кој го вложивме за овие месец дена се исплати. Уметничко дело на влезот од училиштето прикажува цела приказна и само со поледнување во него се будат убави емоции. Би ги пофалила учениците од мојот тим кои доаѓаа уште во 6 часот наутро, заради жешкото време за да сликаат. Но ентузијазмот беше голем и сите цртавме и сликавме со голема љубов. Таа е пренесена на муралот и можеби  затоа тој толку плени со својата убавина. Би сакала да биде поттик и за други креативни дела од учениците од нашето училиште каде има многу талентирани деца. На крај би сакала да упатам порака или апел за зачувување на она што е создадено, без да се уништува, испишува, доцртува.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »