Здружението за меѓународна младинска соработка “Интерактив“ од Битола донираа книги за учениците од ОУ “Кочо Рацин” село Ивањевци.
-Ваквите донации на книги за училиштата од руралните средници ги започнуваме токму денес од ова училиште во село Ивањевци, а нашето здружение ќе продолжи и со други донации во училишта во рурални средини, изјави Мартин Николовски, претседател на здружението.
Ана Трифуновска, вели дека ваквите донации се значајни за збогатување на фондот на книги во библиотеките на училиштата во руралните средини, со што се надеваме дека ќе усреќиме голем број на дечиња
Директорката на училиштето, Весела Богдановиќ, со благодарност за донацијата рече:
-Би сакала да упатам голема благодарност до здружението “Интерактив“ за донацијата на книги во нашето училиште, а исто така имаа и можност да се запознаат и со нашите ученици. Воедно би сакала да истакнам дека ваквата донација претставува пример за нашите ученици и се надевам дека ќе влијае врз нив за и тие во иднина да донираат и бидат хумани.






