На 18 септември во 01.20 часот на крстосница од улиците „Батаљон Стив Наумов” и „Филип 2-ри Македонски” во Битола се случила сообраќајна незгода.
Во несреќата учествувале патничко возило “ауди А4“, управувано од П.Н. (45) од Битола и мопед “ринини Знен-50“, управуван од 15-годишна малолетничка од Битола.
Во незгодата со тшки тлесни повреди се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена на лекување во Клиничката болница Битола.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.






