Со многу насликани цртежи на кои имаше пораки за мир на плоштадот “Магнолија“ Ротари клубот Битола Широк Сокак, по 8.пат во Битола, го одбележа 21 септември меѓународниот ден на мирот.
На одбележувањето активно учество зедоа голем број на наши најмали сограѓани кои цртаа, пееја се забавуваа го одбележаа меѓународниот ден на мирот под мотото: “Активно учествувај и создавај мирољубива клима“, приклучувајќи се на сите мирољубиви луѓе ширум светот во потрага по еден ден, целосно исполнет со мир и слобода.
Од настанот беше испратена порака за мир, порака за крај на насилството и војни во светот кои ја уништуваат планетата Земја и сите живи суштества што живеат во неа, порака за соживот, среќа и мир преку цртежи, рецитали, песни за мирот, танцување и диџеј, а како круна на настанот беше пуштањето на гулабите, кои се симбол на мирот.
Ротари Клубот Битола “Широк Сокак“ овој настан го направија со многу настани заедно со учениците на ОУ “Елпида Караманди“ , ОУ “Стив Наумов“ , ОУ “Даме Груев“, Универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски“, ОО на Сојуз на Борци, “Сумнал“ – здружение за развој на Ромската заедница, фестивалот “Сидо“, Државно музичко училиште, танцов клуб “Експоуз“ и ди-џеј Петар Лимон.
Членовите на Ротари Клубот Битола “Широк Сокак“ на крајот на настанот се осврна и на нивниот нов проект “Да засадиме иднина“, за што рекоа:
-Оваа акција е веќе најавена, но ќе повториме, се работи најавена акција за пошумување на локации во околината на градот. Загадувањето со кое се соочуваме, со зголемениот број на заболени лица од тешки болести, иселувањето на младите кои не ја гледаат својата иднина во загадена животна средина се причината заради која членовите на клубот ќе го реализираат ова пошумување. Ќе се засадат повеќе 100.000 садници со што ќе се обидеме да ги обновиме белите дробови на градот Битола.

Ротари клубот Битола Широк Сокак, со најмладите, го одбележа Денот на мирот (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: одбележан денот на помирувањето меѓу Франција и Германија (фото)
- In memoriam: дипл. арх. Димитар Ивановски – Митац
- Деновиве пред 10 години: 7. издание на Фестивал на музика од светот во Битола, настапи Наташа Атлас (фото)
- Деновиве пред 10 години: наградата за животно дело на Општина Битола за проф. д-р Георги Здравев (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: како во октомври 2015 изгледаше стадионот под Тумбекафе и како беше околу него (фото)





