Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: како да воспоставиме правилна комуникација со своето дете?

Основата на конфликтите кои настануваат помеѓу родителите и децата е  кога родителот сака да ја промени природата и структурата на личноста на детето посакувајќи да биде како што тој би сакал да биде.

За мајката родител, воопшто е важно да знае нешто повеќе за себеси за својот карактер (природа) “заради тоа мајката мора да го разбере своето дете.“Со тоа и комуникацијата родител – дете ќе биде подобра. Научни модели на однесување нема, ни научно воспитување.

ВОСПИТАНИЕ е нашиот нормален, емоционален и спонтан однос со нашите деца

Тука некаде до 10-11 година, зборовите се многу малку присутни во воспитниот процес.  Заради тоа често зборуваме дека детето нас не не слуша што му зборуваме да прави.

Детето всушност гледа што ние правиме. Гледа како се наведнуваме за да дофатиме нешто, како седиме, како се насмевнуваме, како кажуваме “Добар ден“кога доаѓаме дома, или воопшто не кажуваме. Би требало да гледате како ве имитираат вашите деца. Ќе видите многу работи кои  можеби нема да ви бидат пријатни. Ако му кажуваме на детето да биде храбро, а ние се плашиме  (пр. од обичен пајак) тогаш како тоа ќе биде храбро.

Ако тато и мама се караат постојано со висок тон, а потоа му кажат на своето дете да биде учтиво, пристојно да не вика, и да не се расправа – тоа е безмислено!  Или  друга крајност детето да стане тивко, мирно , да се повлече во себе, без самодоверба.

Кога пораснавме и сами станавме родители сликата на животот добива сосема друга димензија. Ние сме на местото од нашите родители пред некоја деценија и дури сега ги разбираме своите родители и обично многу често се однесуваме исто како нив во воспитувањето или завземаме сосема спротивен став или т.н .(Пример Ако сме имале авторитарен родител ние одиме во другата крајност на попоустлив родителски стил. Или завземаме стил на родител како што не воспитувал нас.

Но, сепак постои начин да некои работи за кои мислиме дека можат подобро да функионираат, да се променат. Бидејќи сите ќе се сложиме дека и времињата се промениле.

Еден од нив е и комуникацијата односно начинот на кој разговараме со своето дете. Таа може да биде многу мотивирачка така да со примена на одредени вербални и невербални алатки го направиме за размислување, на активност како и да му ги направиме обврските и задачите поинтересни.

Еден обичен пример. Кога ги сакаме нашите деца тогаш се играме со нив кога се мали. Кога имаат 3-4 години, понекогаш им бараме да ни помогнат во куќата, да ни додадат крпа, да направат нешто, да ни донесат, однесат. тоа е едно играње за детето, а за нас е работа. Детето мора нас да не впива низ животот. Децата треба уште од мали нозе да се учат да играат “Не љути се човече“ за да се можат да прифатат победа или пораз.  

Се поставува прашање  – дали ние на нашето дете му импонираме како луѓе, за да тоа би не имитирало и ние како родители би им биле модели на идентификација? Или ние сме за нив некои татко и мајка , а тоа може да имотира некои други, кои му се поупадливи, поблиски, поприметливи?

Ние зборуваме дека ги сакаме нашите деца, но тоа не се покажува на начин така што ќе им наметнуваме некои наши рецепти и концепти во воспитанието. Никој не го воспитува своето дете со упатства. Ниеден родител не им рекол на своите деца да крадат, да се тепаат по натпревар, но некои деца тоа се и го прават. Според тоа станува збор за еден „кушлус“ во воспитниот процес.

Така да  би требало да сме целосно вклучени во воспитниот процес. Кога некој родител постојано нешто работи и е зафатен,и само ги погали своите деца кога поминат покрај него, тој сигурно не ги воспитува децата како што тој би сакал да бидат. Кога постојано сме отсутни надвор од куќата, на работа или на службен пат, надвор од видното поле на детето тогаш ние не го воспитуваме. Тоа се постигнува низ еден процес т.н. да влезе во цивилизација.

Што значи детето да се “цивилизира“?

Детето мора да влезе во некоја цивилизација – да научи како и кога се мијат раце, кога ни се семејните празници и да ги почитува , да знае како се седи на маса или не се седи, значи мора да влезе во она што сме ние. Не можеме да го учиме детето на некоја цивилизација во која ние не сме таму некаде, туку СЕГА И ОВДЕ. Бидејќи ако вие како родители не им сте во видното поле, тогаш во видно поле ќе им бидат ликовите од телевизија или другу ликови од Интернет и социјални мрежи.

Употребата на модерната технологија (мобилни телефони, интернет..) ја оневозможуваат добрата комуникација родител – дете. 

Социјалните мрежи изобилуваат со многу информации кои му се лссно достапни на децата без да се знае што е добро, а што лошо. Контрола од родителите на сите содржини на Интернет и социјални мрежи мора да е императив  во современото живеење. Да ги заштитат од современите зависности на модерни технологии. Тоа ќе го направат со тоа што и тие ќе му покажат како тоа се прави. Ако родителот поминува долго време со модерната технологија без да му посвети квалитетно време на своето дете, како тоа ќе го очекува од него. Добро е да се пратат и дискутираат  тие теми заеднички.И во тие активности да се комуницира  со детето за да се види што го интересира на социјални мрежи и интернет, зошто, да им се објаснат на правилен начин содржините и последиците од долго играње игри и поминување време со технологија.

Во некое време  порано се гледаа филмови кога точно се знаеше кој е разбојник, а кој е добар а кој е лош. Како во бајките кога лошото секогаш го победува злото. Кој треба да се сака, а кој не треба. А, детето сака движење, акција, сака правда. Но, во сериите што се прикажуваат секоја вечер, не се знае повеќе кој е разбојник, а кој не е. При тоа тие разбојници понекогаш се многу шармантни и децата се идентификуваат со она што го гледаат. Исто така и на социјални мрежи. Прикажување на пример на фудбалски натпревар, па како се тепаат навивачите! Зошто ние да го гледаме инцидентот? Тоа нека го гледа полицијата, а не таткото со детето кое навива за Ц. Звезда или Барселона на пример.

Дали родителите денес премногу ги тераат децата на разни активности, понекогаш оптеретувајќи ги. Дали  заради чувството на  кривица дека премногу се зафатени и малку им се посветуваат внимание  или од помодарство да се оди на јазици, глума, балет, спорт… 

Тоа го  среќаваме постојано, а и таму каде што мајките не работат. Главно треба да се знае дека тоа што сакаме да им го дадеме- да им го дадеме со наше учество и со наше задоволство. Ние да ги носиме на тренинзи, часови. Ние како родители имаме наша концепција како да го воспитуваме. А кога родителите работат, тогаш постои некој на пр. баба или дедо кои го чуваат и се грижат за него. а и кога не постои никој друг освен мама и тато, а и ако мајката и таткото го поминуваат времето квалитетно – тогаш нема да има проблеми. тоа значи – ако одат некаде заедно (макар еднаш неделно заради обврски), ако живеат во хармонични односи, ако детето учествува во се, имаат свои задачи како мама и тато… Секое семејство,секое мало во градот, градот посебно има своја естетика. Тоа е принцип.   Пример имате семејства каде викендот се поминува дома со телевизор, компјутер или мобилен телефон- пасивно и со слаба комуникација помеѓу членовите од семејството, а постојат и семејства каде секој викенд се поминува на прошетка, во парк излет, на викенд – активно.

Како се однесуваме, како изгледаме, како зборуваме така и воспитуваме. Проблем се јавува ако времето не го проведуваат вистински или квалитетно. Некои велат “имаме сега куќа, и децата имаат своја соба, компјутер, телевизор, и не сакаат да учат!? Не сакаат да учат затоа што се повеќе му допушташ, се повеќе се потпираш на неговата самозаштита и самоувид. И таа забрана на она што детето сака, а не разбира- нема што да се објаснува…

Грижата околу децата мора да биде активна и ние родителите мораме да созреваме со нашето дете. А ризик превземаме колку можеме. Ризик да се премине улица е исто и за нас возрасните и за децата. Мораме да знаеме што може нашето дете, а што не може, што можеме да му дозволиме, а што не. Со трепет, но сепак мораме. Кога да престанеме да се грижиме? Не можеме да престанеме. Но мораме да престанеме да му пречиме на детето да одрастува и созрева. Што повеќе го заштитуваме, толку помалку го штитиме.  

Mission News Theme by Compete Themes.