Press "Enter" to skip to content

Отворена изложбата Борба и страдање на полските граѓани за време на Втората светска војна“

Синоќа во фоајето на Центарот за култура во Битола беше свечено отворена изложбата “Борба и страдање на полските граѓани за време на Втората светска војна“, која ја отвори 
амбасадорот на Република Полска во нашата земја, Војчех Туцински. На отворањето на изложбата зборуваа и градоначалник на Битола  – Наташа Петровска и директорката на Центарот за култура Маја Андоновска – Илиевски.-Изложбата е подготвена од полското Министерство за надворешни работи и Музејот на втората светска војна од Гдањск за одбележување на 80-годишнината од избувнувањето на војната која започна со нападот на нацистичка Германија на Полска.  Овој најголем вооружен конфликт во историјата донесе огромни човечки и материјални загуби, а исто така имаше големо влијание врз политичките и територијалните промени во Европа по 1945 година.Нашата изложба ја раскажува историјата на полската борба против тоталитарниот режим, копнежот по слобода и хероизмот да се спасат други, храброста на војниците и обичните луѓе, заедничка борба против непријателот и борбата за слобода на другите земји – сето ова го заслужува нашето сеќавање, беше речено на отворањето на изложбата.Битола е трет град во кој се претстави изложбата и ќе биде во фоајето на Центарот за култура Битола до 30 септември.Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски