“Aко разговарате со човек на јазик што го разбира, тоа оди во неговата глава. Ако му зборувате на неговиот јазик, тоа му оди во срцето.“ (Нелсон Мендела)
Денес, во своите простории, Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола во соработка со училиштето за странски јазици „ Rosetta Stone“, Француската Алијанса Битола, ОУ „Гоце Делчев“ – Битола и „Сумнал“ – здружение за развој на ромската заедница заеднички го одбележа Европскиот ден на јазиците.
Децата кои ги имаше повеќе од 1оо, а салата за промоции им беше претесна, и менторите, ги поздрави директорот на Библиотеката, Бојан Стефановски, кој рече дека целта на организирањето на овој настан е што поголем број на граѓани, посебно деца да започнат со изучување на странски јазици.
Денот беше одбележан со повеќе содржини кои го илустрираат значење на учење на јазици, промовирање на толеранција и соживот и развивање на социјална инклузија на младата генерација, а издавачката куќа “Топер“ по повод одбележувањето на Европскиот ден на јазиците и донира на битолската библиотека над 100 најнови изданија на најмалите читатели, кои беа изложени во холот на библиотеката.
Издавачката куќа “Топер“ за донацијата на најновите свои изданија доби и посебна благодарница, од страна на Библиотеката која им ја врачи директорот Стефановски.
Со одбележување на Денот на јазиците се постигнаа повеќе цели и тоа: славење на различноста на јазиците и културите во Европа, поттикнување на учење јазиците за сите возрасти, промовирање на интеркултурно разбирање и збогатување на опсегот на научените јазици, беше речено денес во Библиотеката, а главна цел беше одбележување на културната и јазичната разновидност во Европа и поттикнување и промовирање на учењето на повеќе јазици.
Европскиот ден на јазиците се слави низ цела Европа со низа настани, вклучувајќи работилници, конференции, културни размени, активности за деца и возрасни и популаризација на различити медиуми.
-Европскиот ден на јазиците се слави секоја година на 26 септември, а за првпат беше официјално славен во 2002 година, по успехот на Европската година на јазиците во 2001 година. Инаку, Европа ја има таа среќа да ужива во богата разновидност на јазик и култури со 200 европски јазици, 24 официјални јазици на ЕУ и околу 60 регионални или малцински јазици. Овие бројки не вклучуваат јазици што ги зборуваат луѓе од друго место во светот кои мигрирале во рамките на ЕУ што уште повеќе ја збогатува различноста на јазиците, рече модераторот на настанот, Фатма Бајрам Аземовска.

ДА ЗБОРУВАМЕ ЕВРОПСКИ! Let’s speak European!- повеќе од 100 деца го одбележаа денот на јазиците (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Отворена изложба на слики, графики, портрети на Јован Димовски во галерија “Ранко Струмениковски“ во Битола (фотогалерија)
- “Прстен за неа“ – музичко патување со Сефедин Бајрамов, НУ камерниот оркестар заедно со Ана и Виктор (фотогалерија + видеа)
- Вечер концерт на Сефедин Бајрамов – “Прстен за неа“
- “Пинокио“ најнова премиера, детска претстава на Битолски театар
- Човекот што му даде македонски јазик на Шекспир: вечер посветена на Драги Михајловски





