Изминатиот викенд се одигра 5. коло од оппштинската “А“ лига во која се натпреваруваат и две битолски фудбалски екипи, Јени Маале и Олд Бојс.
По петте одиграни кола лидер на табелата е Олд Бојс со вкупно 15 бода, односно сите пет победи. Екипата на Јени Маале е на 13 место со 4 бода, а во последното коло двете битолски екиои настапија во гости. Олд Бојс победи против Светлост од Кукуречани, а Јани Маале одигра без голови против Лисолај.
Резултати од 5. коло Општинска “А“ лига:
Светлост – Олд бојс 2:5
Лисолај – Јени Маале 0:0
Новаци – Буково 3:0
Чагор – ДОСК 2:2
Карамани – Напредок 3:3
Пелагонија (Л) – Пелагонија (Д) 3:2
Космос спорт – Поешево 2:2
Победа – Црна Река 4:1






