Press "Enter" to skip to content

Францускиот амбасадор Тимоние во Горната Гимназија и кај градоначалничката (фото)

Францускиот амбасадор при денешната посета беше во Гимназија “Јосип Броз Тито“ и кај градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, во придружба на почесниот конзул на оваа земја во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ.

Во Горната гимназија Тимоние им ја пренесе поддршката за користење на францускиот јазик во училиштата, како и развивање на соработката меѓу македонските и француските училишта, потенцирајќи дека Гимназијата соработува со три француски училишта, за што во Франција има многу можности.-Родителите треба да сфатат за децата да можат да ги искористат тое можности, треба да се започне со рано изучување на францускиот јазик. Тимоние на крајот ги пренесе импресиите од градоначалникот на Епинал од познавањето на францускиот јазик на учениците кои беа дел од делегацијата на Општинска Битола.-Денеска заедно со директорката на француската алијанса потпишавме уште еден 5-годишен договор за соработка кој подразбира интензивирање на размените меѓу нашите две институции, изјави Фани Наумовска, директор на Гимназијата „Јосип Броз Тито“.Во кабинетот на градоначалничкат на Општина Битола м-р Наташа Петровска,  во работна посета престојуваше н.е. францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Амбасадорот изрази задоволство од реализираната посета на општинската делегација и учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Епинал, кои преку изложбата и одличното говорење на францускиот јазик ја претставија Битола.Тој ја потенцираше соработката на учениците и со регионот на Долна Нормандија во Франција, од која веќе произлегуваат конкретни видливи резултати. Проектите, патувањата и потпишувањето на меморандум помеѓу Француската амбасада и гимназијата, како и реализирањето на изучувањето на францускиот јазик во ОУ „Кирил и Методиј“, придонесува во зголемување на бројот на лица кои го изучуваат францускиот
јазик.

Градоначалничката Петровска ја поздрави посетата на амбасадорот, кој во повеќе наврати ја дал својата поддршка на градот Битола не само со своето присуство, туку и со конкретна помош при реализација на одредени проекти, од областа на животната средина и економскиот развој на Битола.