СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.П.(33) и К.А.(29), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 08.02.2018 полициски службеници извршиле претрес во домот на второпријавениот во Битола, при што пронашле и одзеле марихуана и семки од растението канабис.
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Б. (60) и П.П. (55), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во текот на 2017 пријавените, како вработени во Јавното претпријатие „Македонски шуми“ – подружница „Кајмакчалан“ Битола, изготвувале фиктивни приемници за пресечена дрвна маса, која не соодветствувала со реално пресечената дрвна маса, со што се создал кусок од 4.125 кубни метри огревно дрво.






