Press "Enter" to skip to content

Анкица Стевановска-академски сликар: уметноста оплеменува и таа треба да шири пораки на љубов, оптимизам позитивна енергија…

Жанета Ристевска

Своите дипломи академски сликар по класично сликарство во класата на еминентните руски сликари професорите Игор и Викторија Егорови,  професор по предучилишно воспитување и м-р по менаџмент во образованието ги сублимира во неколку успешни проекти како наставник, ментор  и мотиватор на своите ученици.Нејзината уметност ја пренесе на ѕидовите на училиште и го украси, преку повеќе нацртани и насликани  мурали заедно со своите ученици. Ги инспирира и насочи своите ученици  да  ги проучат сликарските техники на  големиот сликар Ван Гог од каде и се насликаа успешни нови репродукции на “Сончогледите“, “Ѕвездената ноќ“ “Автопортрет“… и се направија над 200 сончогледи. Ги инспирира учениците да творат, да ја сакаат, почитуваат уметноста и да ги запознаат големите сликари и дела во уметноста, да творат и во текот на летниот распуст на плус 40 степени… При тоа го открива и насочува талентот на ученици во ликовната уметност.  Со тоа ја материјализира својата уметност преку повеќе проекти во текот на минатата учебна година. Покрај тоа таа слика во своето ателје  иконопис и живопис. Нејзина омилен техника. Член на Друштвото на ликовни уметници на град Битола. Учесник на повеќе ликовни изложби со други уметници.  Една самостојна изложба со 42 слики на масло. Активно учествува во колонијата на ликовни уметници “Ниже поле“. Мулти талентирана личност уште од мали нозе. Одреден период се бави професионално со манекенство, модни ревии, снима рекламни спотови. Во тој период понесува и титули за убавина, меѓу кои и убавица на Македонија за 2001. Успешен чекор  во менаџерските води како менаџер на салон за убавина. Покрај сето ова само би додала прекрасна жена со  вистински  спој на внатрешна и надворешна убавина.  Зборува смирено со насмевка. Родена во Штип, сега мажена во Битола.   Го започнуваме разговорот  и на почетокот за уметноста…

„Уметноста треба да се почуствува уште од мали нози. Талентитраните ученици по ликовна уметност треба да се откријат и насочуваат. Талентот ако не се надоградува со работа, нема да има успех“ ни вели и продолжува „Јас уште во основно образование бев посочена како талентирано дете, за цртање, но тогаш имав афинитет и кон танц, спорт одбојка. Еден период бев насочена кон манекенство каде имав успеси. Но на 17 години ја одбрав уметноста како свој животен правец и започнав со усовршување на техниките за сликање во ателјето на покојниот еминентен професор Тошо Максимов, академски сликар“.Како наставник по ликовна уметност во ОУ “Климент Охридски“  бевте  вклучени во повеќе проектн активности и настани. Една од нив и цртање, сликање современи мурали на ѕидовите од училиштето со кои тоа доби нов лик. Кажете ни повеќе околу ова…Минатата учебна година бев  наставник по ликовно образование во  ОУ “Св. Климент Охридски“ и тоа  привремно како замена. Со учениците каде предавав  6 и 8 одделение  направивме неколку проектни активности во кои учениците учествуваа во  украсување на ѕидовите на училиштето. Најпрво ги исцртавме и насликавме влезовите, а потоа во текот на летниот распуст беше насликан голем современ живописен мурал на други делови.  Мотив за муралите ни беше природата, убавините на планината Пелистери  борот Молика. Преку овие мотиви  сакавме да шириме оптимизам преку разиграни радосни деца кои си играат,трчаат кон виноижито шират позитивна енергија на другарство, почитување, љубов, да се зачува убавата природа. Значи  се што е спротивно на насилство, навреди, изгубена комуникација, зависност од современи технологии. Сакавме со и преку уметноста да шириме позитивни пораки. Тимот ученици Николина Шапарданова, Тамара Панова, Андреа Илиевска и Ангела Шапарданова. Со голема мотивација и ентузијазам го сликаа големиот мурал повеќе од месец и тоа во текот на летниот распуст. Тука би ја истакнала нашата директорка Г-ѓа Гордана Анастасова за нејзината  голема поддршка на мојот тим ученици за муралите но и за сите проекти . Секако и довербата која ми ја даде. Така оваа учебна година започна во разубавено училишптето со овој  успешно завршен проект. Трудот кој го вложивме  се исплати. Уметничко дело на влезот од училиштето прикажува цела приказна и само со погледнување во него, се будат убави емоции. Би ги пофалила учениците од мојот тим кои доаѓаа уште во 6 часот наутро, заради жешкото време за да сликаат. Но ентузијазмот беше голем и сите цртавме и сликавме со голема љубов. Таа е пренесена на муралот и можеби  затоа тој толку плени со својата убавина. Би сакала да биде поттик и за други креативни дела од учениците од нашето училиште каде има многу талентирани деца.После вандалскиот чин на уништување на она што бепе насликано,  учениците повторно се вклучија во нивно покривање…

Би сакала да упатам порака или апел за зачувување на она што е создадено, без да се уништува, испишува. Се разбира дека и тие кои учествуваа во тој чин имаат некоја причина за тоа или  го  прават од бунтовност. Ние ќе цртаме и сликаме и понатаму…Живописните мурали се тука да шират позитивна енергија и радост… наспроти  навредливи пораки, насилство… Нашата енергија  е пренесена со многу љубов и внимание на ѕидот, а овие креативни деца со нетпрение ги очекуваат наредните слични проекти. Навистина е радост да се има вакви деца, потоа и директор, наставници кои ги мотивираат и  насочуваат да творат во полето на уметноста.Ѕвездената ноќ на сончогледите“ проект во кој повторно ученици под ваше менторство се запознаваа со сликарските техники на големиот уметник Ван Гог и повторно многу сончогледи кои секогаш се вртат кон сонцето и верба во оптимизмам…

Целта на овој  ликовно – моден перформанс  беше да ја пренесеме пораката “Со уметноста да ја почуствуваме природата и да ја заштитиме“, односно уметноста преку делата на големиот сликар Ван Гог,  Звездената ноќ на сончогледите“ беше заеднички проект на нашето училиште со ОУ „Св Кирил и Методиј“ каде беа вклучени многу надарени и талентирани ученици за уметност, мода , танци, музика. Заради тоа и насловот, бидејќи „ѕвезди“ беа талентирани ученици кои беа претставени  и учествуваа во овој мултимедијален проект. Со настанот сакавме да го одбележиме раѓањето на големиот сликар и  уметник  Ван Гог и да ги претставиме неговите епохални дела како “Звездената ноќ“, “Сончогледите“, “Автопортрет“, “Собата на Ван Гог“ и други дела, чии репродукции беа  насликаани од тим ученици во шесто и осмо одделение. Тие при тоа се запознаваа со неговиот живот и дело на генијален уметник.  Талентираните и надарени деца се комплексни личности и како што истакнуваат психолозите нивниот мозок функционира поинаку, поради тоа наша задача, односно задача на наставниците, стручните соработници е вистинска насока на истите. „ Ѕвездена ноќ на сончогледите“ беше проткаена со уметност, мода, музика и танц, а сончогледите кои беа  насекаде околу нас и тоа повеќе од 200 ги направија учениците од двете училишта. Тие научија дека сончогледите секогаш се вртат кон сонцето и светлината, а ние да се потсетиме дека секогаш треба да бидеме свртени кон светлината и оптимизмот. Оваа мисла цело време не водеше во овој  интересен ликовен и моден перформанс. Се надевам дека и оваа година  денот на раѓањето на Ван Гог, 31 март, ќе го одбележиме со нов интересен, креативен проект.

Кои се ваши идни планови

Секако многу други проекти за делата на други големи уметници. Планирам своја самостојна изложба која се надевам ќе се направи, но тоа не зависи само од мојата креативна енергија туку и од други фактори, меѓу кои се разбира материјалниот. Се подготвувам за нов проект со ученици, но нема да го откривам, но ќе се реализира за кратко време и вашиот медиум ќе информира  како и за сите проекти кои беа реализирани до сега. Работата со ученици ме исполнува и би сакала и понатаму да произлегуваат нови проектни активности бидејќи има толку многу талентирани деца кои треба правилно да ги насочуваме во уметноста, но и во смисла на почитување, толеранција, љубов, другарство…За цело време зборува смирено со пријатен глас и плени со својата внатрешна убавина. Сигурна сум дека нејзините ученици интуитивно ја чувствуваат нејзината позитивна енергија, оптимизам, добрина и заради тоа таа успешно ги мотивира и инспирира. Очекуваме уште многу други интересни проекти за кои и ќе пишуваме.

Фото: Сашо Ристевски

Ентериер: кафуле “Радост“

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »
Mission News Theme by Compete Themes.