Press "Enter" to skip to content

Хорот на Словенечкото здружение “Триглав“ настапи во Словенија и Хрватска (фото)

Со овации од публиката беа испратени хористите од хорот на Словенечкото здружение “Триглав“ од Битола, при нивните минатонеделни настапи во Нова Горица во Република Словенија и Ријека, во Република Хрватска.Хорот, во кој членуваат музички ентузијасти, под диригентство на проф. Марина Коруновска, првиот концерт го одржа во словенечкиот град Нова Горица, каде што дел од публиката во преполната сала стоечки го проследи настапот, а потоа хорот, по овациите, изведе уште неколку точки.Вториот концерт на членовите на хорот на здружението “Триглав“, исто така беше проследен со огромно внимание од публиката во Ријека, која беше воодушевена од изведените композиции и енергичниот настап на хористите.Покрај прекрасните концерти, хористите и членовите на здружението “Триглав“ посетија различни знаменитости во двете земји и споделија прекрасни моменти во дружба, песни, ора и смеа со своите домаќини во Нова Горица и Ријека.Патувањето во Словенија и Хрватска беше реализирано со поддршка на Канцеларијата на Владата на Република Словенија за Словенците во соседството и светот, Општина Битола, ЈКП „Водовод“, КЈП „Нискоградба“ и ЈП „Пазари“.

Mission News Theme by Compete Themes.