Press "Enter" to skip to content

Изложбата “Борба и страдање на полските граѓани за време на Втората светска војна“ во Битола

Амбасадата на Република Полска во Скопје и НУ Центар за култура – Битола – имаат чест да Ве поканат на изложбата БОРБА И СТРАДАЊЕ НА ПОЛСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗА ВРЕМЕ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА која ќе биде поставена од 24 до 30 септември 2019 година, во  НУ Центар за култура – Битола,  од 10:00 до 22:00 часот.

Изложбата е подготвена од полското Министерство за надворешни работи и Музејот на втората светска војна од Гдањск за одбележување на 80-годишнината од избувнувањето на војната која започна со нападот на нацистичка Германија на Полска. Овој најголем вооружен конфликт во историјата донесе огромни човечки и материјални загуби, а исто така имаше големо влијание врз политичките и територијалните промени во Европа по 1945 година.

Нашата изложба ја раскажува историјата на полската борба против тоталитарниот режим, копнежот по слобода и хероизмот да се спасат други, храброста на војниците и обичните луѓе, заедничка борба против непријателот и борбата за слобода на другите земји – сето ова го заслужува нашето сеќавање.

Се надеваме дека ќе се видиме на изложбата.

Mission News Theme by Compete Themes.