Металург 2 – Пелистер 25:25 (13:13)
Сала во Автокоманда – Скопје. Гледачи: 100.
Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје.
Металург 2: Михајлов, Мелоски 3, Кофиловски 3, Савковиќ 4, Николовски, Божиновски, Митиќ 3, Мирчевски, Василевски, Стоилевски 2, Ристовски, Георгиевски, Танев, Стојановиќ 9, Додиќ, Ефтимов 1.
Седмерци: 4/8, Исклучувања: 8 мин.
Пелистер: Ристевски, Ивановски, Јовановски, Димиртовски 8, Димитров 4, Ф.Вардовски, О.Вардовски, Илиев 1, Мандиќ 2, Трајковски 3, Петковски, Блажевски, Буторац 2, Петровски 1, Талевски 4.
Седмерци: 3/6, Исклучувања: 20 мин.
Екипата на Пелистер во 4. коло од Супер лигата освои бод на гостински терен против екипата на Металург 2, по ремито 25:25.
Металург 2 имаше водство од +4 (10:6), но “пелистерци“ израмнија и на одмор екипите отидоа со 13:13. Двете екипи играа неизвесно и во второто полувреме, а при неизвесна завршница и двете екипи можеа да дојдат до победата. Во последната минута се влезе со 25:25 и напад за домаќинот, и тајм-аут, но немаа акција за гол, а по истекот на 60. минути имаа удар од девет метри кој судиите не го признаа.






