Press "Enter" to skip to content

1.000 студенти ја започнаа новата академска година на УКЛО (фотогалерија)

Денес на свечен начин во новите простории на ФИКТ, Универзитетот “Св.Климент Охридски“ ја почна новата академска година со околу 1.000 студенти бруцоши, кои својата академска кариера ја започнаа на сите факултети.На централната свеченост за студентите на УКЛО, што се одржа на Факултетот за информатички и комуникациски технологии-ФИКТ, успешен почеток на студентите им посакаа заменик министерот за образование и наука Елизабета Наумовска, ректорот Сашо Коруновски и деканот на ФИКТ, Игор Неделковски.-Пред една година овие простории беа само карабина, е сега се најмодерните простории кои ги има битолскиот универзитет, за што сум посебно среќна, а низ  бруцошите има мои ученици, кои се надевам ќе не почестат за дипломите. Им ја честитам новата академска година на бруцошите и ситр студенти им им посакувам со лесно совледување на сите предизвици. Бруцошите кои ги одбраа овој факултет донесоа одлука за сигурна иднина, бидејќи ИТ кадарот е потребен не само во земјата туку и во глобални размери, а пазарот на трудот нема да биде презаситен многу долго. Студентите не само што ќе најдат високо платена работа кога ќе завршат, туку ќе заработуваат  и за време на студиите,  истакна Наумовска и додаде:-Очекувам стопанскиот сектор да го препознае значењето на информатичката технологија и инвестира креирање кадри за стопанството и да донираат во оваа високо образовна институција, каде покрај квалитетниот простор има квалитетен кадар, кој ќе работи во одлично опремено училници, предавални и лабаратории.УКЛО-Битола во три уписни рокови запиша околу 1.000 студенти приближно исто како и во минатата година, но овој пат беше почитуван условот за положена државна матура.-УКЛО својата понуда ја базира на барањата на студентите. Ние се трудиме низ нашиот процес да направиме идни професионалци, но и интелектуалци затоа што професионалците се оние кои што ги решаваат проблемите во струката, а интелектуалците ги решаваат проблемите на една земја. Во новата академска година почнуваме со ист капацитет на студенти бруцоши како и минатата година и задоволни сме што ја исполнивме бројката, но овој пат имаме и повисок квалитет, бидејќи запишувавме кандидати со положена државна матура, истакна ректорот Сашо Коруновски пред академската заедница во Битола.Првиот академски час за студентите на ФИКТ-Битола почна во нови простории, кои, како што беше речено, се градени со поддршка на МОН и со средства од фондовите на ЕУ.-Новата генерација млади колеги треба да бидат врвни професионалци. После долги години на ФИКТ ќе се изведува настава во нови простории. Наскоро со средства на ЕУ ќе почне изградба и на нов кат со што ФИКТ ќе се етаблира како водечка информатичка институција во регионот, но и во државата, нагласи деканот на ФИКТ, Игор Неделковски, кој на студентите им порача:-Информатичките технологии се на почеток и она што ќе го научите тука на овој факултет, да го примените во пракса, да учите за оценки, туку за знаење кои и те како ќе во треба. Ќе ви кажам мислата за триаголникот на среќата, односно филозофијата, за да се јаде лична среќа потребен е баланс межу љубор, здравје и пари. Ние на ФИКТ не можеме да делуваме на љубовта и здравјето, но ќе ви дадеме знаење со кое ќе можете да “направите“ пари. Во име на локалната самоуправа, успешен почеток на новата академска година на наставниот кадар и студентите им посака Емилија Костурски, заменик градоначалник на Битола.

С.Р.