Press "Enter" to skip to content

Октомвриско сонце за уживање, сончање, играње карти, пред Сатот (фото)

Октомври започна со летни температури и се уште силно сонце. Секој ужива на различен начин во се уште топлото, убаво време.Нашиот фотобјектив не можеше, а да не фотографира млад пар кој најдобро уживаа на октомвриското сонце во градскиот парк. Слободното време тие го користеа на сонце,  и ги полнеа батериите за поладните денови кои доаѓаат. При тоа се одмараа со книга, карти…но  без типкање на мобилните телефони. Интересна и убава глетка.Некои во прошетки, некои го користат за завршување на подготовките на зимница и огрев за зимската сезона која ни претстои. Секако дека убавото време и високи температури на сите ни годат, буди убави чувства на лето и убаво е да потрае.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »