Press "Enter" to skip to content

8. по ред меѓународен симпозиум на етнолози конзерватори во Битола (фото)

На симпозиумот ќе има 30 реферати и ќе стане збор за богатото и разновидно наследство како што се стеќците, малите цркви-капели или параклиси, амамите, музеите на отворено, манастирските конаци, националните паркови и сл. на територијата на бившите Југословенски простори.

Денес во Битола, во хотелот “Епинал“ започна 8. по ред симпозиум на етнолози, конзерватори во организација на НУ Завод и музеј Битола, Хрватското министерство за култура, конзерваторските оддели од Загреб, Славонски Брод и Заводот за заштита на културно наследство на Словенија, подрачна единица Ново Место.Темата на овој меѓународен собир е Управување со културното наследство: од валоризација до интерпретација, а на него работеа Викторија Момева, (НУ Завод и музеј
Битола), Ана Млинар (Конзерватоски оддел во Загреб), Крешимир Мијаковац (Конзерватоски оддел во Славонски Брод) и Душан Стргар (Завод за заштита на спомениците на културното наследство на Словенија, Подрачна единица Ново Место).Според директорот на Управата за културно наследство, Ацо Костов, во оваа сфера комуникациските канали треба да се отворат и да не се предизвикуваат непотребни административно правни пречки.

-Управата за културно наследство може да помага ако неодмага или не прави административно правни пречки. Треба да ги отвориме комуникациските канали што се затворени и институциите бидат примарни како директни учесници, проектанти и надзор на објектите, нагласи Костов.На отворањето на 8. по ред симпозиум на етнолози, конзерватори во организација на НУ Завод и музеј Битола зборуваше и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која нагласи дека градот несекаде, во било кој објект, во било кој двор има историја која треба да се истражи и заштити.

На отворањето зборуваше и амбасадорот на Словенија во нашата земја, Милан Јазбец кој нагласи дека Словенија со Битола ја врзува голема историја и традиција што датира уште од 1913 година, и тоа ќе се потврди.-Уште еднаш како и многу пати досега во  следната седмица кога во официјална посета во Скопје ќе дојде словенечкиот премиер Шарец и тоа ќе биде средба во пресрет на Самитот. На престојниот самит ќе пренесеме најсвежи информации и впечатоци за тоа колку во земјава е направено. Република Македонија, сега, денес, во овој момент заслужува почеток на преговори и тоа повеќе од кога било досега, изјави Јазбец.

На присутните учесници и гости на семинарот им се обрати и директорката на НУ Завод и музеј Битола, Мери Стојановска. За жал културното наследство во овој дел на Европа е заборавен и некако во втор план, наспроти третманот во западна Европа, но токму затоа на симпозиумот во Битола посебно внимание ќе посветиме на начинот на користење на европските фондови за обнова на важни историски објекти, дворци, цркви кои ги има во нашите држави, а не се доволно зачувани или запуштени, посочи Ана Млинар, етнолог-конзерватор од Загреб.

Инаку, првиот симпозиум на етнолози конзерватори (СЕК I) е одржан во организација на словенечките и хрватските етнолози конзерватори со цел размена на теориски и професинални знаења и презентирање на конкретни примери на обнова на спомениците.На првиот работен ден на овогодишниот симпозиум ќе се расправа за стратегиите, конвенциите на интегралната заштита, константната едукација на кадарот, како и за ревитализацијата на културното наследство со помош на меѓународните фондови.
Вториот работен ден ќе стане збор за статусот на обновеното културно наследство,
интерпретацијата, перспективите и интегралната заштитата као темел на одржливиот развој и новите вредности на обновеното наследство.

Пропратна активност на симпозиумот ќе биде отворањето на изложбата „Традиционалната архитектура во Битола и битолскиот крај“ која ќе биде отворена во 18 часот во малата сала на НУ Завод и музеј Битола.

Mission News Theme by Compete Themes.