Press "Enter" to skip to content

Зошто да направите спермограм во болницата “Плодност“

За прв пат во Макеоднија, а меѓу ретките во Европа, ИВФ одделот при Болница Плодност Битола, го воведе автоматизираниот систем за спермална анализа SCA (Sperm Class analyzer) произведен и развиен од реномираната фирма MICROPTIC од Барцелона – Шпанија.

Автоматскиот систем за анализа на сперма ги има следните модули: концентрација и подвижност,морфологија, ДНА фрагментација, концентрација и подвижност.

„Модулот за концентрација и подвижност е за автоматска анализа на концентрацијата и подвижноста на спермата. Одамна се знае дека најпрогресивните сперматозоиди се оние кои наверојатно ке извршат оплодување на јајната клетка. Ова е овозможено со посебна камера која слика 25 слики во секунда и автоматски ја пресметува траекторијата на движење на сперматозоидите и одредува кои се брзи, бавни, во место и неподвижни. Се пресметува и брзината во м/с, а се детектираат и хиперактивните сперматозоиди (кои по некои автори се оние кои имаат најголеми шанси да постигнат оплодување) се пресметуваат и сите кинетички брзини на сперматозоидите со што се добива една многу јасна слика за кинетичките параметри на серматозоидите кои играат многу важна улога во фертилизацијата. Со овие параметри нашите специјалисти гинеколози можат полесно да одредат кога и која постапка ке се применува во лечението на инфертилитетот“, истакна прим.д-р Таше Трпчевски, специјалист гинеколог-акушер и супспецијалист за ин витро постапките.Одамна се знае дека морфолошкиот изглед на сперматозоидите игра круцијална улога во фертилнста на мажот, па од таму произлегува и огромната потреба од квалитетна анализа на морфолошките параметри на сперматозоидите. Овој модул ни овозможува јасно да го видиме процентот на нормални сперматозоиди во спермалната течност кај мажот. Принципот на работа на автоматизираниот систем се состои од мерење на главата, вратот и опашката на сперматозоидите како и одредување на нормална форма на главата. Најважен елемент кои овој систе го нуди е одредувањето на процентуалната застапеност на генетскиот материјал што е овоможено со детектирање на процентот на пропустливост на светлина во главата на сперматозоидот и оцртување на ДНА молекулот. Со ова се зголемуваат податоците за мофрокинетичките параметри на серматозоидите и се добива многу јасна слика за можноста пациентот да фертилизира јајна клетка.„ДНА фрагментацијата претставува прв показател за апоптоза (процес на програмирана целуларна смрт која доведува до промена на клетката) и е фактички поврзана со структурални промени во клеточната морфологија на сперматозоидот. ДНА молекулата која се наоѓа во главата на сперматозоидот треба да има одреден процент на спирулизација, репликација на ДНА и да нема голем процент на фрагментирани ДНА сперматозоиди во целиот ејакулат. Доколку има поголем процент на ДНА фрагментација во ејакулатот поголема е шансата за неуспех во постапките на лечење на инфертилитетот. Затоа Болница Плодност ја воведе и оваа анализа како дополнителен дијагностички параметар во лечението на инфертилитетот“, посочи Трпчевски.

Водејки се од желбата за подобрување на резултатите во ИВФ постапките, успешноста и квалитетот на услугата, ПЗУ„Плодност“ со ова надоградување покажува дека и во иднина напорно ке работи и ке вложува во нови технологии и процедури во интерес на пациентите.

Mission News Theme by Compete Themes.