Press "Enter" to skip to content

28. издание на “Интерфест 2019“ синоќа започна со гала оперски концерт (фотогалерија)

Интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест 2019“ започне во салата на Народниот театар во Битола, со гала оперски концерт на солисти и оркестарот на Националната опера и балет, и под диригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ.Овогодишниот фестивал за отворен го прогласи градоначлничката на Битола, Наташа Петровска, која рече деке Битола и битолската публика го заслужува овој фестивал кој полека оди кон голем јубилеј, 30 години од постоењето, и дека општината и понатаму ќе го поддрѓува овој фестивал.На отворањето зборуваше и Милица Шперовиќ Рибарски која накратко ги потсети присутните во салата за почетоците на овој реномиран фестивал, како и за линостите кои помогнале во тоа време пред 28 години да започне да живее.Таа ги спомена и големите имиња на поединци и оркестри кои досега настапиле на овој фестивал, но, кажа и за тешкотиите со кои сега се среќава фестивалот, пред се заради маналениот буџет од Министерството за култура, поради што откажани некои договорени концерти за ова издание, а меѓу кои и концертот на битолскиот камерен оркестар.На “Интерфест“според програмата, до 11 октомври на фестивалските сцени во битолскиот Музеј, Центар за култура и Народен театар-Битола, ќе настапат уметници од Италија, Франција, Полска и Македонија.Годинава од Италија гостуваат дуо хармоника и пијано Џанкрало Калабриа и Симоне Пагани, дуо гитара и пијано Лапо Ванучи и Лука Ториџиани, како и италијанското барокно трио „Стара музика“ со кои ќе заврши фестивалот.Во Битола концерти ќе приредат и дуо Фортчело од Франција, дуо пијано и флејта Тереза Кабан и Хенри Блажеј од Полска, како и македонските уметници Томе Костовски-пијано, Валентин Наумов – виолина и Верица Дивитарова-пијано.Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ се одржува од 1992 година, а иницијатори и основачи се Милица Шперовиќ Рибарски и Кирил Рибарски.

Mission News Theme by Compete Themes.