Женскиот фудбалски клуб Топ Гол синоќа со сечење на роденденската торта ги заврши активностите за празнување на големиот за нив јубилеј, 10 години од основањето, заедно со тренерите и најблиските соработници на клубот.
Претседателот на клубот и тренер, Кире Грбевски, ги дувна свеќите на роденденската торта, а кога го запрашавме која желба ја замисли ни рече:
-Желбата е само една, и во наредните десет година да бидеме во функција на фудбалерките, фудбалерите, а ние сите кои сме во клубот да им овозможиме услови во кои ќе ја започнуваат кариерата, ќе се развиваат и од Топ гол да заминат како формирани личности на спортски план, но и како комплетни возрасни личности. И секако додека се во клубот да се радуваат на успесите.

Фото вест: Топ гол со роденденска торта ги заврши јубилејните активности
More from СпортMore posts in Спорт »
- Лука Стојановски: победа над Феникс е единствениот прифатлив резултат за нас
- Вилсон: Пелистер оди по нова победа
- Фудбалерките на Македонија цел циклус квалификации за Светско ќе играат во Битола
- Стајиќ: Победуваме, но знаеме дека можеме подобро… Да го покажеме тоа со Маџари
- Дејвис: Почит за Маџари, но знаеме што треба за да стигнеме до победа





