Press "Enter" to skip to content

13. години успешна туристичка приказна, “ЈК Травел“-туристичка агенција (фотогалерија)

Вработените во битолската туристичка агенција “ЈК Травел“ синоќа во “Травел паб“ го прослави својот 13. роденден, заедно со своите деловни партнери, колегите од останатите туристички агенции, пријатели, наградените, битолчани кои имале аражмани со нив…Туристичката агенција “ЈК Травел“ во изминатите 12 години, покажа и докаже, дека може да опстои и да ги има најдобрите аражмани, најдобрите патувања, или со еден збор да ги задоволи потребите на сите зависници од љубителите на патувањата, запознавањето на нови туристички дестинанции, нови предизвици, авантури…-Тринаесет години да се опстојува на македонскиот пазар, во туристичките води, со сите промени кои ги имаа секојдевно овој бизис поврзани со напредок на интернет технологиите, кога се е он-лајн достапно, чест е и задоволство што успеавме да опстоиме и да го имаме големиот рејтинг за работењето.Како изминуваат години така на нашите клиенти, кои ги имаме се повеќе и повеќе, им нудевме нови поволни услови за патување, нови аражмани, кои ние успешно ги промовиравме на македонскиот пазар, рече Елизабета Кочева-Јосифовска, за изминатите години работа, а за наредните планови додава:-13 за нас е среќен број. Ние ќе ја започмеме многу амбициозно, ќе биде значајна за нас и затоа велиме дека ни е среќна, но морам да кажам дека и 12 беше доста значајна во работењето на “ЈК Травел“. Ќе споменам дека во изминатата година ја отворивме нашата петта канцеларија, втора во Скопје, а имаме и две во Битола, една во Штип и една подружница во Куманово. Полека се шириме на целата територија на државата, односно секаде каде што не бараат.-За нас беше доста значајно, за што сме посебно горди, тоа што изминатата година бевме првата туристичка агенција која го воведе он-лајн системот за букирање, каде нашите корисници на услугите, од дома, можат да го резервираат своите одмори, да немаат потреба да доаѓаат во агенциите, да “губат“ време, а сето тоа само три клика да го купат својот аражманот кој го сакаат и да заминат на одмор, вели Елизабета Кочева-Јосифовска, за новитетите во агенциското работење.За тоа каде патувале битолчани и останатите во изминатиот период Елизабета Кочева-Јосифовска вели:-Кога е во прашање летото, можеме да кажеме дека Грција останува број еден дестинација за македонците, не само за битолчани. Пријатно сме изненадени за интересот кој беше за Турција, чартер програмата за Анталија. Не очекувавме и дека ќе има толку многу туристи кои ќе сакаат да го видат и престојуваат во Египет. Затоа во наредната година ќе имаме уште поголема и побогата туристичка понуда за овие места. Сега секако се актуелни зимските понуди во Банско, Сандански, Боровец, започнува сезоната за сите кои се љубители на слијањето. Се букираат и термините и хотелите со користење на попустите кои ги нудиме за “рано букирање“. Мора да се каже и тоа дека во овој период, октомври и ноември, се актуелни и спа-центрите.По повод роденденот “ЈК Травел“ додели и наградно патување во Инстамбул на најреќната во извлекување, битолчанката Симона, а наградни игри имаше во текот на целата летна сезона.Од “ЈК Травел“ порачаа дека и понатаму ќе работат со голем елан.-Ќе бидеме тука за нашите клиенти, бидејќи токму тие знаат да препознаат квалитет и да ја вреднуваат услугата која и ја нудиме, да продолжат да бидат наши гости, односно да патуваат со нас, да не одберат нас, порачуваат Горан, Никола, Бети, Дејан…

С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »