Двете битолски фудбалски екипи кои се натпреваруваат во општинската “А“ лига во последното 6. коло победија како домаќини, против екипите на Лисолај и Карамани.
Екипата на Олд Бојс останува лидер на табелата, а екипата на Јени Маале продолжи со добрите резултати и да се искачува погоре на табелата.
Инаку, Општинската “А“ лига ја организира Општинскиот фудбалски сојуз, од каде велат дека нема никакви проблеми околу организацијата на лигата и на натпреварите од страна на организаторите-клубовите домаќини.
Резултати 6. коло – Општинска “А“ лига
Олдбојс – Лисолај 1:0
Јенимаале – Карамани 2:0
Поешево – Победа 2:3
Пелагонија Д – Космос 2:2
Напредок – Пелагонија Л 3:0
Буково – Црна Река 1:5
Новаци – Чагор 1:3
Доск – Светлост 3:0






