Press "Enter" to skip to content

Прв пораз на Еурофарм Работник во СЕХА лигата од Загреб

Загреб – Еурофарм Работник 24:23 (11:11)

По трите победи во СЕХА лигата екипата на Еурофарм Работник го претрпе првиот пораз, на гостувањето во Хрватска, од екипата на Загреб, само со гол разлика, откако на полувреме одиграа нерешено 11:11.

Овој натпревар покажа дека битолската екипа е рамноправен противник со сите екипи, но мора да најде дополнителни сили и мотив да го добие натпреварот во завршницата.

“Фармацевтите“ загибија и вечерва само со еден разлика како во трите натпревари од Лигата на шампионите, а Загреб со нов тренер и дополнителен мотив едвај победи на свој терен и ја забележа првата победа во групата.

После поразот од Загреб со 23:24, тренерот на Еурофарм Работник им честиташе за победата на својот некогашен тренерот и рече:

-Би сакал да му честитам на мојот пријател, Веселин Вујовиќ за неговата прва победа на клупата на Загреб откако се врати во клубот. Ова беше навистина тежок натпревар. За нас повторно натпревар загубен со само еден гол разлика и ние мора да продолжиме да работиме уште понапорно во следниот период за да можеме да се подобриме за следните натпревари.

Тренерот на “плинарите“ Веселин Вујовиќ го пофали Ловро Јотиќ, но и жали што Еурофарм повторно загуби со гол разлика:

-Ова беше навистина интересен натпревар. Двете екипи играа навистина добро, денеска ние победивме, утре можеби тие ќе победат, рече Вујовиќ.

Екипата на Еурофарм Работник не се враќа во Битола, туку само до Скопје каде ќе тренира еден ден и заминува за Белорусија каде на 8 октомври игра против Мешков Брест.

Mission News Theme by Compete Themes.