Press "Enter" to skip to content

Победа на Пелистер за стабилно прво место во Втората лига-запад (фотогалерија)

Пелистер – Влазерими 3:1 (1:1)

Фудбалерите на Пелистер со победата на екипата на Влазерими се зацврсти на табелата на Втората фудбалска лига – запад, по 7. коло.“Пелистерци“ победија со 3:1, освоија три бода, а директните конкуренти за врвот одиграа нерешено и освоија по еден бод, па така Пелистер е прв, пред второпласираната Дрита и третопласираниот Лабуништа.Стрелци за Пелистер беа Бујчевски од пенал и два гола на Главевски. Натпреварот се отвори неповолно за избраниците на Дарко Крстески, бидејќи Влазерими поведе во првата минута со голот на Дани.Но, радоста на гостите траеше многу малку, бидејќи Пелистер брзо израмни со голот на Бујчевски кога пеналот го претвори во гола во 5. минута. Филип Бошковски беше срушен во казнениот простор, а пеналот оправдано досуден.Во второто полувреме започнаа Шопоски и Симјаноски, а потоа и Маневски и Пелистер ја имаше целосната иницијатива. Вториот гол “падна“ во 59. минута, кога по ударот на Шопоски, Благојче Главевски постави нога, а топката заврши во мрежата на гостите. Во “судиското време“ по изминувањето на 90. минута, Благојче Главевски ја потврди победата со убав гол кој го постигна од десната страна во казнениот простор.

Mission News Theme by Compete Themes.