Press "Enter" to skip to content

Тежок пораз на Пелистер во ЕХФ купот од Винтертур во Швајцарија

Винтертур – Пелистер 39:16 (22:5)

Екипата на РК Пелистер е поразена со  23 гола разлика на гостувањето во Швајцарија, во рамките на второто коло од ЕХФ купот, од екипата на Винтентур, во натпревар во кој младата битолска екипа не успеа да обезбеди поволен резултат за реваншот, кој ќе игра в сабота во Битола.

“Пелистерци“ беа рамноправен противник само на стартот кога резултатот беше 2:2, а потоа како да се уплашија од шансата за докажување. Кон средината на првото полувреме беше разликата двоцифрена, на крајот од првото полувреме беше 17 гола во корист на швајцарците (22:5).Во второто полувреме младите битолчани се созедоа, заиграа подобро, но резултатот остана ист. На средината на полувремето швајцарците дојдоа до +20 (31:11), а до крајот покачија на 23 гола позитива, која сигурно им го “носи“ и третото коло од ЕХФ купот.

Најефикасен во тимот на Пелистер, Дарио Петровски со шест постигнати гола, а  Димитровски и Мандиќ по 3.

Реваншот се игра следниот викенд, на 12 октомври од 19:00 часот, во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола.

Mission News Theme by Compete Themes.