Press "Enter" to skip to content

Лонгони учествуваше второто коло од државното првенство во билијард

На 5 и 6 октомври во Скопје се одржа второто коло од државното првенство во билјард на БАСМ, а во организација на Гран клуб Скопје. Истото требаше да се одржи во Голден бал, Тетово но поради неподготвеност на масите истото се оджа повторно во Скопје.

Во ова коло имаше 42 учесници, а битолскиот клуб, Лонгони, учествуваше со 8 натпреварувачи,  а најдобар пласман од нив имаше, Илија Трајковски – Илче, кој го освои 9. место.

Најпријатното изненадување го приреди 19 годишниот Христијан Здравевски – Кики кој го освои високото петто место прикажувајќи технички одлична и прецизна игра и притоа наговестувајќи го своето вивнување во врвот на македонскиот билјард, а ако не и повеќе.

Треба да се напомене дека Христијан Здравевски е освојувач на неодамна одржаниот “Петчи & Панчо“ лига куп кој се одржа во Битола. Неговата посветеност и секојдневни тренинзи почнуваат да ги собираат првите плодови.

Останатите учесници Благоја Гиновски – Балич, Никола Христов -Коле Моделино, Костантин Бојаџиев – Тино, Димитар Симовски – Рашка, Андреј Ангеловски и Горан Думевски – Панчо (капитен на Екипата) немаа забележителен настап.

Mission News Theme by Compete Themes.