Press "Enter" to skip to content

Тркалезна маса на Педагошкиот факултет на тема “Емоционалните компетенции на наставниците“ (фото)

Тркалезна маса на Педагошкиот факултет во Битола се држа денес на која присуствуваа директори и наставници од битолските училишта. Предавањето го подготви проф. д-р Методија Стојановски, професот на Педагошката академија, кој од пред неколку дена е во пензија, а ова предвање беше на тема „Емоционалните компетенции на наставниците“.-Емоционални компетенции е да си свесен за она што го работиш, а тоа значи да имаш проценка за тоа што добро работиш, да имаш проценка што си згрешил  и каде си згрешил, и ако негогаш згрешиш, да признаеш и да му се извиниш и на учениците. Учениците иако се деца кога ќе прашаат нешто за што можби немаме одговор во моментот, но коже да речеме дека ќе консултирам и јас литература, па утре ќе позборуваме. Не е срамота да му се кажи за утре тоа ќе позборуваме а срамота е да се згреши и погрешно да се воспитува, рече проф. д-р Методија Стојановски за поимот емоционални компетенции.Емоционалните компетенциисе надградуваат, но еден голем дел од наставниците и воспитувачите треба да си ги носат сосебе. Најзначајно за малите деца се тие емоционални компетенции, се друго што му предаваат нашите наставници  ќе можат да го научат и во соработка со родители, во консултации со ученици, но она како ќе го пренеси наставникот и како ќе ги прифати децата од најмала возраст тоа ќе остани во нивните црти до крајот на животот и така тие ќе ги изградиме како позитивни личности. Ако кон нив се однесуваме човечки, толерираме, прифаќаме помалку ќе имаме конфликти, недоразбирања и сите проблеми полесно ќе ги решаваме, рече проф. д-р Методија Стојановски.По предавањето на Стојановски на тркалезната маса отворија дискусија за теоретските основи на емоционалните компетенции на наставниците, кои по пат на обуки ќе се реализираат.-Ако имаме успешни наставници ќе имаме успешни ученици и обратно, и можеби цел овај систем и пропусти на нашето образование и воопшто во општествениот живот на Македонија потекнува од основното образование. Колку имаме повредни наставници, повредни ученици ќе имаме и подобра држава, рече проф. д-р Методија Стојановски.

Mission News Theme by Compete Themes.