Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Ивица Костелиќ на Ева Милевска и раскажуваше за почетоците на Пелистер, на глечер во Австрија

Македонската скијачка репрезентација се наоѓа на подготовки во Австрија, на глечерот Хинтерукс, за престојната скијачка сезона 2019/2020 година.

Во тимот на македонската репрезентација се наоѓа и битолчанката Ева Милевска, која овие подготовки ќе ги памети цел живот заради средбата го големиот хрватски скијач Ивица Костелиќ.-Бевме на ски-терените на глечерот, а кога ми пријде големиот скијач, Ивица Костелиќ, бидејќи го виде написот на мојата јакна СК Пелистер. За време на средбата ми раскажуваше за неговото детство за неговите први почетоци во скијањето на Пелистер, заедно со неговата сетра Јаница Костелиќ, кога ги тренирал нивниот татко Анте Костелиќ, кој во тоа време бил тренер во ракометниот клуб Пелистер, со многу воздуба за средбата зброрува Ева, која за оваа средба ќе се сеќава уште многу и ќе зборува за неа.

Управата на Пелистер доколку клубот ја го добие официјалниот датум за ФИС трката, вели дека ќе го поканат Ивица и неговото семејство на Пелистер, на патеката “Копанки“ да ја отворат трката. 

Mission News Theme by Compete Themes.