Press "Enter" to skip to content

Втор пораз на Еурофарм Работник во СЕХА лигата од Мешков Брест

Мешков Брест – Еурофарм Работник 31:22 (19:12)

Екипата на Мешков Брест му ги нанесе вториот по ред пораз на екипата на Еурофарм Работник по трите победи во регионалната СЕХА лига против Металопластика, Спартак и Веспрем, а пред некој ден загуби од екипата на Загреб.Ракометарите на Мешков Брест одлично го отворија натпреварот и поведоа на стартот со 6:1, а потоа “фармацевтите“ намалија на -2 (6:4). Потоа следуваше серија од шест гола на фомашните кои дојдоа до голема разлика +8 (12:4). Потоа се зголеми разликата на 17:8, за до полувреме биточани да намалат на -7 (19:12).

Вториот дел започна со добри одбрани на голманот на Еурофарм Работник, Никола Митревски, а резултатот беше пристојни -4 (21:17). Потоа Мешков Брест повторно дојде до висока разлика на +8 (27:19), за на крај да биде 31:22, најтежок пораз на Еурофарм Работник оваа сезона.Во екипата на Еурофарм Работник најефикаен беше капитенот Гоце Ојлески со 5 потигнати гола, а по 4 постигнаа Граџан и Ѓукиќ.

Финскиот Кокс гостува во Лигата на шампионите во Битола в недела.

Mission News Theme by Compete Themes.