Press "Enter" to skip to content

И битолски семејства ќе добијат субвенции од ЕСМ за набавка на клими за намалување на загаденоста на воздухот

Владината прес-служба соопшти дека Владата му препорача на Управниот одбор на АД ЕСМ, во рамките на акумулираната добивка, да донесе одлука за обезбедување средства во висина од 618.000.000 денари за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за за домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и Градот Скопје, кои користат енергетски неефикасни уреди за греење на тврдо и фосилно гориво, со што сериозно влијаат на загадувањето на воздухот.

Исто така е донесена одлука за обезбедување средства за јавна едукативна кампања за придонесот од имплементација на мерката за здравјето на граѓаните и за начинот на кој таа ќе биде спроведена.

Во цел да се обезбеди транспарентност и инклузивност во реализацијата на мерката, Владата ќе го покани Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, да номинира две граѓански еколошки организации да бидат вклучени во имплементација на оваа мерка, се наведува во соопштението.

Mission News Theme by Compete Themes.