Press "Enter" to skip to content

Викендов, прв саем на венчавки, во хотел “Епинал“

За прв пат во Битола организиран саем за венчавки, во викендот, сабота и недела, на 12 и 13 октомври. Младенците кои се подготвуваат за свадба ќе можат во еден ден на едно место да видат понуди, изберат, а и да договорат се што им е потребно за овој посебен ден за нив. Најпрво од венчаница,свечен костим, декорации, свадбена торта, фотографирање до танцови групи. Сето ова со попуст за оние кои ќе го направат во деновите на саемот.За тоа  што ќе се случува овој викенд и што  да очекуваат битолчани на овој саем поразговаравме со координаторот на настани во хотел “Епинал“, Костадин Нечовски, кој околу поводот  за организирање на овој прв саем на венчавки вели:

-Идејата за овој настан Саем на венчавки беше поттикнат од нашиот маркетинг менаџер на групацијата “КАК“, Хрипсиме Ховакимјан – Кузевска,  еден од нашите нововработените со нови идеи. На овој саем ќе има  изложувачи и презентации на венчаници,  свечени машки одела, декорации, сведбени торти. Потоа свои презентации ќе имаат студија за фотографирање, снимање, музика, танцови студија… Учество имаат пријавено 26 изложувачи кои со своја креативност и фантазија ќе се претстават пред конзументите.  Ние им стоиме на располагање на сите изложувачи ако сакаат да промовираат некоја нова идеја со комплетната логистика. Што ќе се случува во деновите на саемот и каде ќе бидат претставени изложувачите?

-Саемот ќе биде отворен во деновите за викендот, сабота и недела од 10 до 20 часот, кои ќе бидат од отворен карактер за сите кои се заинтерсирани да дојдат и да ги видат изложувачите. Се разбира очекуваме најбројни да бидат оние кои планираат да прават венчавка. Тие ќе имаат можност да изберат најдобро за својот посебен ден. При тоа за секој избор што ќе го направат во тие денови на саемот, ќе добијат обавезен попуст. Добродојдени се сите кои се заинтересирани да видат интересни креативни промоции. При тоа ќе можат да уживаат на терасата на хотел “Епинал“ со кафе, пијалок и убава музика бидејќи во  деновите на саемот ќе има и забавен дел со ди-џеј кој ќе пушта добра музика. Во недела околу пладне посетителите ќа присуствуваат на промоцијата на новата песна на Александар Митевски и Драган Спасов – Дац, која ќе ја изведуваат претходната вечер на “Мак Фест 2019“.Кажете ни некои од изложувачите и  каде ќе се  претстават?

-Саемот се организира за  прв пат на ниво на Битола, а бенефит од настанот ќе имаат сите изложувачи. Изложувачите ќе се претстават во салата за свадби на хотел “Епинал“ која е реновирана по најнови светски стандарди. Вкупно ќе бидат 26 изложувачи меѓу кои Андреј Папаз , “Сињори“ машки одела, “Зага продукција“, слаткарница “Сагар“, Андријана Петровска торти и други.Хотел “Епинал“ ги поканува сите битолчани да присуствуваат на овој настан кој се надеваме ќе стане и традиција, а влезот е слободен.

Ж.Ристевска

Mission News Theme by Compete Themes.