Press "Enter" to skip to content

Панде Богоевски, директор на ЈП “Комуналец“: набавена комунална опрема за 3 милиони денари (фото)

Денес во ЈП “Комуналец“ беше одржана прес-конференција на која зборуваше директорот Панде Богоевски, кој рече:-Покрај модернизацијата во уличното осветлување, чистењето на дивите депонии ја продолжува соработката со граѓаните на Битола “ЗА поубава и почиста Битола“, односно тековните активности за продолжуваме со воспоставувањето на организиран интегриран систем на управување со отпад на територија на општина Битола. Инвестицијата е вредна скоро 3 милиони денари исто така сопствени средства на ЈП Комуналец Битола. Во таа насока набавени се 130 корпи за отпадоци кои веќе се поставуваат на Широк Сокак, 100 зелени канти од 1,1 метар кубен, 70 метални канти со иста зафатнитна, 100 жолти канти за пластика, 2000 кафеави канти, садови за биолошки отпад од 120 литри, 200 големи канти од 240 литри, како и 35 големи контејнери, поточно 2635 садови за отпад, во наредниот период ќе се распределуваат низ битолските улици. 

Богоевски додеде сека покрај замената на контејнери во Битола, во потпелистерските села Нижеполе, Трново-Магарево, и Дихово.-Сакам да нагласам дека се подотвуваме за прв пат да организираме подигање на отпад во 8 села во поранешна општина Цапари и тоа Горно Српци, Рамна, Лера, Доленци, Кажани, Цапари, Ротино, Братиндол. За таа цел се набавени 170 контејнери (пластични и метални ) кои веќе се заменуваат со одредена динамика, и сето тоа со сопствени средства во висина од околу 3 милиони денари.

-Како што знаете, а тоа го забележуваат и граѓаните, во тек е и поставување на нова урбана опрема, корпи за отпадоци, клупи, жардинери, детски реквизити и сл. Најпрво започнавме со поставување на нови 130 корпи за отпадоци во централното градско подрачје но истовремено ќе поставиме дополнително и на нови површини, рече Богоевски.Во обиколка на стопанскиот двор, каде е сместена новата комунална опрема денес беше и градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска.

Mission News Theme by Compete Themes.