Press "Enter" to skip to content

Советот на Општина Битола го изгласа предлог договорот за ракометната платформа на Пелистер и Еурофарм Работник

Мнозинството во Советот на општина Битола, со 16 гласа “за“ и 9 воздржани денес го изгласа проектот за фузирање на двата ракометни клуба, Пелистер и Еурофарм Работник, со стартува ракометниот проект “Еурофарм Пелистер“, кој беше најавуван подолги време.

-Помладиот битолски клуб Еурофарм Работник според договорот ќе ги купи акциите на Пелистер, па овој тим во иднина ќе се вика Еурофарм Пелистер, додека вториот тим ќе биде Еурофарм Пелистер 2. Наскоро треба да се потпише и договорот меѓу градоначалникот на Битола, Наташа Петровска и претставниците на компанија Еурофарм, а новиот клуб планира да има заеднички буџет околу еден милион евра. Дресовите оваа сезона нема да се менуваат, а од  идната година Еурофарм Пелистер од следната сезона ќе се натпреварува во бело-сини дресови, а втората комбинација ќе биде зелено-бела, рече претседателот на Советот, Валентин Груевски, кој за долговите за кои станувало збор во преговорите рече дека не се големи и дека со средствата кои Општината ги има предвидено за ракометот во оваа година ќе се сервисираат.

Пред изгласувањето на одлуката во Советот, опозицијата рече дека секоја одлука која е прифатлива за навивачката група “Чкембари“ дека за нив е во ред, а Иванчо Тошевски, координатор на советничката хрупа на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе бидат воздржани за гласањето по оваа точка, бидејќи нема финансиски извештај, за финансиската состојба, а претставничката на “Поинаку“ Габриела Илиевски исто така побара книговодствена евиденција за состојбата во РК Пелистер.

Mission News Theme by Compete Themes.