На доајенот на македонското глумиште, битолскиот актер, Петар Мирчевски од Народниот театар во Битола денеска во Собранието му беше врачена државната награда “11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста.
Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“, која е највисоко признание за животно дело, а добитници се и академик Љупчо Коцарев и писателот и ликовен уметник Димитри Дурацоски.
Петар Мирчевски од неговото дипломирање па сè досега работи во негова матична куќа, НУ Народен театар – Битола.
На добитниците наградата „11 Октомври“ им ја врачи претседателот на Одборот, Драги Ѓоргиев, а државната награда „11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес.
Фото: МИА






