И покрај лошиот резултат во Швајцарија, најверните навивачи на РК Пелистер дојдоа на трибините во спортската сала “Боро Чурлевски“ да им дадат поддршка на младите ракометари.
Покрај 1.000 и повеќе набивачи во салата, тука беа и навивачите од “старата гарда“, кои поретко ги гледаме на трибините, зад нивниот транспарент “Ветерани 1985“, но вечерва имаа и посебна кореографија на себе.
На нивните зелени маици, пишуваше: “Резултатот е моментален, идеалот е вечен, ПЕЛИСТЕР“.
Ги запрашавме како ќе го коментираат напишаното, но ни рекоа неколкуте зборови кои се напишани се кажуваат.






