Press "Enter" to skip to content

Винтертур и во Битола го победи Пелистер (фотогалерија)

 

Пелистер – Винтертур 21:33 (12:19)

Ракометарите на Пелистер загубија и реваншот, вториот натпревар против Винтертур во второто коло на ЕХФ Купот. Швајцарскиот претставник извојува победа од 21:33, полувреме 12:19 и се квалификува за третото коло, последно пред групната фаза. Швајцарците во петтата минута имаа 1:5, по што Зарков свика тајм-аут, а  потоа Пелистер дојде само на -1 (6:7). Но, искуството и квалитетот си го направи своето и Винтертур со серија од 1:4, дојде до +7, за на полувреме да биде 12:19.Но, Винтертур беше многу поискусен, одбраната делуваше поцврсто и бројот на лесни голови во вториот дел ја направи разликата. „Црвените“ со две серии од 4-1 дојдоа до +7 на крајот од првиот дел. И во второто полувреме, се преслика играта од првото, па дојдоа до +10 во 36. минута. Во последните десетина минути се играше опуштено и сите како да го чекаа крајот на натпреварот, што значеше победа на гостите  од 21:33.

Mission News Theme by Compete Themes.