Press "Enter" to skip to content

Креативни промоции на изложувачите од саемот на венчавки во организација на хотел “Епинал“ (фотогалерија)

Салата за свадби во хотел “Епинал“ на првит ден од саемот за венчавки со прекрасно, аранжирани штандови на изложувачите кои зедоа учество на првиот саем на венчавки.  Промоции на 26 изложувачи со до детал  креативно, естетско осмислени и аранжирани штандови. Почнувајќи од свадебни покани, венчаници, свечени фустани,  машки одела, свадбени торти, студија за фотографирање и снимање, танцови групи… сите на едно место отворени за конзументите со прашања и секако попустот на пакети кој го добиваа оние кој закажуваа термини за услуги.Костадин Нечовски, координаторот за настани во хотел “Епинал“ ни кажа:-Еве првиот ден од саемот за венчавки и се е на многу високо професионално ниво подготвено и  изложувачите многу креативно се потрудија да ги презентираат своите услуги и пакети. Атмосферата е прекрасна.Поразоговаравеме со некои од изложувачите за она што презентираат  оние кои дојдоа на саемот, а посебно на идните младенци кои се подготвуваат за венчавка, свадба.Од реномираниот македонскиот бренд за машки одела “Сињори“ ни кажаа:-Многу добро организиран евент на кој еве и битолчани можат да се запознаат со нашите услуги. Како македонски бренд на пазарот сме неколку години, но се истакнавме со висок квалитет и услуги.. Денес секој младоженец може да закаже целосен пакет, што значи од „глава до пети“ се што е потребно за да се облече по мерка, модерно и со  високо квалитетни материјали, од кои ќе го наведам дупло ткаен египетски памук. Тука се одело по мерка, кошула со извезени иницијали, манжетни, лептир машна, свилена марама… Оние кои во овие два дена на саемот ќе закажат, ќе добијат 30% попуст кој може да ги користат во текот на нареден период.Андреј Папаз креатор од Битола имаше свои промоции на венчаници и свечени тоалети,вечерни фустани.-Како битолчанец многу сум среќен за организацијата на овој евент во Битола и ја поздравувам идејата за истиот. Учествувам со модели на креации  венчаници и свечени фустани за претстојната модна 2020. Добро е да има што повеќе вакви настани каде ќе има циркулација на многу луѓе и размена на креативни идеи, рече Папаз.Студиото за убавина “Империал“ и тука на својот штанд се претстави со убавина. Штандот претставуваше  мало студио мајк-ап, каде сопственичката Анита Јовчевска шминкаше клиент.Кети Куновска задолжена за маркетинг на ова студио за убавина ни објасни дека во текот на деновите на саемот секој кој сака, а посебно идните невести може да бидат нашминкани, и тоа да им биде пробно шминкање. Може да закажат целосен пакет за шминка и фризура спрема контурите на лицето и промена на целосниот изглед. Во промотивниот пакет кој се нуди ќе добијат шминка, фризура, маникир, педикир и други козметички услуги.Свадбената торта е еден од најважните детали на свадбата. Слаткарницата “Сагар“ заедно со цвеќара “Кремисимо“ имаа богато аранжирамн штанд со балони, цветни аранжмани и свадбена торта.  Сопственичката Трајковска Николина рече „преубав настан каде сме собрани од  сите бранши или занаетчии кои се засегнати за орагзнизирање на една свадба, која е најважен посебен ден  во животот на младенците. Тоа  е голема работа. Ние како слаткарница веќе сме 27 години  на пазарот и опстојуваме, но ова е добра прилика за промовирање. Го поздравувам  организаторот и голем заслуга на координаторот Коста Нечовски за многу  успешно организираниот саем, кој се надевам ќе прерасне во традиција.Од Фото студиото “Концепт“  Зоран Талевски кратко ни кажа „професионално организиран  настан кој побуди  голем интерес кај битолчани и посетеност. Очекуваме  посетеноста да биде поголема во текот на овој и следниот  ден од саемот. Атмосфера посебна, со многу изложувачи на едно место.  Нашето студио  им нуди 10 % саемски попуст за оние ќе договорат снимање и фотографирање на свадбената церемонија. Посакуваме што повеќе настани во овој стил“.  

Покрај промоции на изложувачи на саемот добра организирана забава со ДЏ, а на вториот ден во недела се очекува  и промотивен забавен дел на дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац и нивната песна која ќе ја изведат во сабота вечер на Мак Фест 2019 година. Битолчани ќе имаат можност да ја слушнат во живо на терасата на хотел Епинал. Организаторите ги покануваат сите на добра забава.

Ж. Ристевска

Mission News Theme by Compete Themes.