Press "Enter" to skip to content

Во Битола одбележан Денот на независноста на Република Хрватска (фото)

Во организација на македонско-хрватското друштво “Марко Марулиќ“ од Битола во малата сала на Центарот за култура во Битола, беше одбележан 8. Октомври 1991 година, денот кога е создадена самостојна, независна, Република Хрватска.На манифестацијата присуствуваа и гостите од хрватската општина Муртер Корнати во Битола доаѓаат на покана на македонско-хрватското друштво МХД „Марко Марулиќ” со седиште во Битола, претставници од Хрватската Амбасада во Македонија, градоначалникот на Битола, Наташа Петровска, како и на општините Ресен и Новаци и претставници од повеќе институции.Гостите ги поздрави Бранко Маретиќ, претседател на македонско-хрватското друштво МХД “Марко Марулиќ” и претставник на Хрватската амбасада во Скопје.

-Секоја година во овој период во Битола организираме целовечерен концерт со гости од Хрватска, а повод e Денот на независноста на Хрватска. Концертот се одржа во малата сала на НУ Центар за култура-Битола, установа која е соорганизатор на културниот настан, а настапи клапата “Левера“ од Муртер Корнати.Прославувањето на Денот на независноста продолжи во “Премиер центар“ каде домаќините и гостите од Хрватска и другите општини имаа неформално дружење.