Press "Enter" to skip to content

Елизабета Анастасовска од “Плодност“ освои трета награда за стручен труд

На 47-мите октомвриски средби, научно стручен собир на лабораториски професионалци и санитарни техничари со меѓународно учество, кои на 11, 12 и 13 октомври се одржуваат во хотелот “Силекс“ во Охрид, тимот на Болница “Плодност“ повторно постигна големи успеси.Медицинската сестра, Елизабета Анастасовска, која е специјалист медицинско-лабораториски аналитичар, за презентацијата на својот стручен труд “Инциденца на предканцерогени промени на грло на матка-ризик фактор високо ризични ХПВ вируси и конизација како метод на лекување-наши искуства“, освои трето место.Покрај презентацијата на стручниот труд на 11 октомври, Анастасовска беше дел и од работното претседателство на средбите. Во тимот кој ја претставуваше болница “Плодност“ на овие средби беа и вишата медицинска сестра превентивна насока Весна Балаловска-Илиевска и лаборантите Даниел Костевски и Аце Радовски.Октомвриските средби се во организација на Сојузот на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари на Република Северна Македонија.