Еурофарм Работник – Кокс 31:30 (17:13)
Македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник со историсла победа за себе и за Битола, прват победа во Лигата на шампионите, против екипата на Кокс од Финска.
Натпреварот наликуваше на претходните, но овој пат во финишот ракометарите на Еурофарм Работник не дозволија победа да им избега од раце, беа смирени и го издржаа психолошкиот притисок, а со гол разлика победија пред домашните навивачи во групата “Ц“.
Стартот на натпреварот покажа дека “фармацевтите“ сакаат и можат да дојдат до првата победа. Само по десетина минути од играта беше 6:2 за Еурофарм Работник, со таква разлика од +4 се отиде на одмор 17:13, но гостите на неколку наврати успеваа да намалат на -2, но постигнуваа голови од сите позиции.
Во вториот дел гостите заиграа поостро и поагресивно, а тоа им донесе резултат, со оглед на тоа што позитивата на домаќинот се „стопи“ за само девет минути. Публиката почна да ги бодри своите миленици, а ракометарите ја одржуваа минималната предност, а потоа следуваше и водство за гостинот по почетното. Во финишот беше гол за гол и борба за секоја топка на теренот, а во моментите на одлука, Граџан постигна два гола во серија и обезбеди +2.
Кокс не се предаваше, па израмни на 29:29, а повредениот Јотиќ влезе во игра на три минути до крајот и му донесе предност на Еурофарм, 30:29, а потоа Митревски им го запре последниот шут, за прва победа во Лигата на Шампиони.
Најефикасен беше Остроушко со осум гола, Ојлески со пет и Граџан со четири.






