Press "Enter" to skip to content

Реакции по натпреварот на Алушевски, Петровски, Чурлевски и гостите

На официјалниот прес по завршувањето на натпреварот од “Ц“ групата на Лигата на шампионите помеѓу Еурофарм Работник и Кокс, свое гледање на натпреварот дадоа домашниот тренер Стевче Алушевски, ракометарот Михајло Петровски и гостите, а претходно во флеш-зоната и Филип Чурлевски.Стевче Алушовски, тренер на Еурофарм Работник им честита на ракометарите за првата победа и додаде:-Како и што реков во најавата, очекував тврд и неизвесен натпревар. Нам ни е судено оваа сезона да играме во првото и да водиме, а потоа да им дозволиме на противниците да се вратат во игра. На крај имавме повеќе среќа и конечно победивме во овие неизвесни натпревари. Немаше да биде незаслужено ако и гостите запишеа реми на денешниот натпревар.

Михајло Петровски задоволен од победата на пресот рече:-Одигравме одлично прво полувреме, а потоа повторно влеговме во грч. Му дозволивме на противникот да се врати во игра и во еден момент дури и да поведе. Огромно задоволство ми е што покажавме карактер во завршницата и конечно стигнавме го скрпшивме “мразот“ за прва победа во Лигата на шампионите, а ова е голем ден за нашиот клуб.

Претходно Филип Чурлевски, веднаш по крајот на натпреварот рече:-Овој дуел ќе биде стимул за понатаму, за послободна игра во ракометната елита. Имавме пад малку во играта, малку се одразија повредените играчи што ги имаме, а можеби ни фали и малку повеќе работа за овие моменти. Добро е што победивме, но честитки и за Кокс за храбрата игра. Успеваше да не казни секогаш кога грешевме. Финскиот ракометар, Тему Теминен на прес-конференцијата по натпреварот рече:

-Не сум задоволен како одигравме во првото полувреме, но не може секогаш да се игра на исто ниво. Во вториот дел настапивме со повеќе сила, карактер и заедништво. И двете екипи одигравме добар натпревара, а атмосферата беше одлична на трибините, беше убаво да се игра. 

Тренерот на Кокс, Гинтарас Савукинас, рече дека двете екипи заслужија по бод и додаде:

-Моите ракометари не ги реализираа најдобро моите идеи во првиот дел. Во продолжението се вративме од -4 и очекував дека натпреварот во финишот ќе влезе во вистинска драма. Да бидам реален, мислам дека двете екипи заслужија најмалку по бод.