Press "Enter" to skip to content

Заев вечерва заседава со Владата во општинската зграда во Битола (фотогалерија)

Владата денеска ја одржува својата 159 седница во Битола, која е биде прва од низата кои во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата.Пред почетокот на седницата, премиерот, Зоран Заев, за одржувањето на седницата во Битола рече:-Оваа иницијатива е со цел да бидеме поблиску до граѓаните и до локалната самоуправа. Да бидеме непосредно блиску до нив за да ги слушнеме нивните приоритети и потреби. Во име на таа цел, на оваа седница, се поканети и градоначалниците од пелагонискиот регион и им благодарам што се тука вечерва со нас.За дневниот ред на самата седница, Заев додаде:-Вечерва министрите ќе реферираат за активностите на секој од ресорите во пелагонискиот регион. Знам дека има што да се реферира. И тука, како и во целата држава се случува градежна офанзива во патната, водоводната и канализационата инфраструктура. За ова воведно излагање, ќе ги издвојам објектите за отпадни води и фекални води во Битола, како и канализационите мрежи во Долнени, Могила, Големо Коњати, Крушеани. Во Пелагонија имаме завршена и тековна рехабилитација и на патната инфраструктура – тука е патот до Прилепското Езеро, патот Битола – Новаци, патот Битола – Демир Хисар, патот Макази – Ресен, како и железничката пруга Битола – Кременица. Сериозно напредуваме и со гасоводот Неготино-Прилеп- Битола, со процент на реализација до 70 отсто.За проектите во Битола нагласи:

-Тука во Битола имаме и сериозни инвестиции во здравството – реновирана е итната медицинска помош, реализирани се повеќе вработувања на медицински кадар, вложено е во реконструкции и во нови апарати. И се разбира, и тука во Пелагонија лековите се достапни во секое населено место, за секој граѓанин, во секој ден од месецот, преку мерката за укинување на квотите за лекови. Кога сме кај здравјето на граѓаните – токму Битола е еден од четирите големи градови за чие население стојат на располагање бесплатни еко инвертери за греење во домаќинствата.-И она за што сме особено среќни – трансформацијата на домот за доенчиња и мали деца во Битола во пет мали групни домови со што пред време го финализираме процесот на вадење на децата од институциите и нивно сместување во подобри услови во мали домови, со индивидуален пристап кон секое дете, потенцираше премиерот Заев во обраќањето на почетокот на седницата на Владата.Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која е домаќин на премиерот и министрите му се заблагодари на премиерот што првата седница надвор од Скопје ја одржува во Битола.-Владата со ваквиот чекор седницата да се одржува во Битола, покажува отвореност кон општините, но и посветеност на најголем дел од средствата да ги врати токму до општините, локалните самоуправи, токму онаму каде што се граѓаните со нивните потреби, рече Петровска.На седницата која се одржува во општинската зграда, покрај министрите учествуваат и градоначалниците на општините во пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар.