Press "Enter" to skip to content

Седница на влада во општината, од другата страна на Драгор протести, премирот со коментар (фото)

Пред почетокот на седницата на Владата во Битола и за време на седницата, наспроти општинската зграда, од другата страна на Драгор имаше битолчани кои со протестираа со транспаренти, незадоволни од политиките на Владата.На новинарски прашања кон премирот за протестите, за негодувањата упатени кон него и кон министрите, тој рече:-Не знам, веројатно се од групата којашто има три проблеми: срцето, душата и петите. Јас реков, се кине срцето на некои луѓе заради тоа што ќе добиеме датум за почеток на преговорите после 15 години. Ги боли душата заради тоа што сме веќе членка на НАТО, секако месеци се во прашање и од петни жили се обидуваат да конструираат сценарија и лаги, и еве вака да реагираат заради тоа што државата оди напред и додаде:-Мое останува да ги повикам, ова е успех заеднички на сите. Следуваат убави денови за нашата земја. Навистина сме на правиот пат и како општество и верувам дека заслугата не е само на оваа Влада, туку од самостојноста на нашата земја, ова се две стратешки цели коишто ги исполнуваме, коишто еве во предвечерието на нивното исполнување бележиме раст од 3,6%, имаме раст на индустријата од 9,8%, пад на невработеноста до 17,5% за неполни две години, повеќе од 6% е падната невработеноста, 54,000 народ нов се вработени, се реализираат мал милион проекти. Денеска ќе разговараме за целиот овој пелагониски, битолски регион овде во коешто живее огромен процент од нашето население. Ако бидеме заедно верувам дека ќе ги мултиплицираме сите овие ефекти.