Денеска на пладне повторно на протест пред зградата на подрачното одделение на министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство протестираа земјоделци и сточари од пелагониските села.
Ова е втор по ред протест на ова место, а како рекоа земјоделците протестот бил организиран заради неисплатените пари за субвенции за 2018 и 2019 година, но биле револтитани и заради тоа што им било ветено на претходниот протест дека парите ќе ги добијат во октомври.
-На претходниот штрајк бевме на разговор кај подрачниот министер и ни рече дека од 5 октомври ќе почнат да се исплаќаат субвециите. На млекарите им се должи цела 2018, 2019 и по грло 2019, а ни ветија и 30% дека ќе зголемат за млекото, но нема ништо. Ние бараме во буџетот да влезе зголемување за 2020 година по литар и грло. Се должи и за градинарски култури, кои не се исплатени, беше речено на протестот.
Сточарите додаваат дека сточниот фондот се намалува и бараат цената на млекото да не е помалку млекото од 25 денари, да не е помала субвенцијата од 5 денари. Како пример ја наведоа Србија, Хрватска, односно износот на субвении таму. Сточарие велат дека едно време цената беше 60% откупната цена од малопродажната цена, а според тоа цената на млекото треаба да биде 30 денари, а затоа сточниот фонд нагло се продаде и уште се продава, а во иднина само на слика ќе ја гледаме стоката.
Од подрачното министерство за земјоделие, за барањата на земјоделците и сточарите рекоа дека парите за субвенции ќе им бидат исплатени, но одолговлекувањето било заради административни работи.
-Заостанатите пари за субвенции за млеко, сточарарите ќе ги земат идниот период, по ребалансот на буџетот кој е во тек. Ммоментално е во завршна фаза носењето на ребалансот на буџетот, а со истиот се опфатени и оваа категорија земјоделци. После носењето на ребалансот, парите ќе бидат исплатени. Рековме дека во текот на октомври ќе ги добијат средствата, но знаете како одат административните работи, се издолжи постапката за ребалансот на буџетот, но во текот на ноември сигурно ќе и добијат средствата за 2018 година. За 2019 година исплатата на субвенциите ќе започне во 32010 година, рече Методија Илиевски, раководител на подрачното одделение на министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство во Битола.






