Пелистер Волеј – Бами Кор 3:0 (25:11; 25:17; 25:18)
Одбојкарките на Пелистер Волеј со победа ја започнаа новата одбојкарска сезона, каде влегуват со подмладена екипа.
“Пелистерки“ во првото коло од државната лига ја извојуваа и прва победа со што ги прокнижија и првите бодови, со максимални 3:0 по сетови, против екипата на Бами Кор од Тетово, која е долгогодишен прволигаш.
За ова деби на подмладената екипа на Пелистер Волеј, тренерот на Пелистер, Роберт Митковски вели:
-Иако Пелистер беше домаќин, фаворитската улога беше кај гостите, но ние со нашата подмладена екипа се обидиме и успеавме во дерби натпреварот на отворањето да победиме со 3:0. Победата е заслужена и е разултат на долгите подготовки од почетокот на август, од кога одигравме 6 контролни натпревари, учествувавме на два турнири и формата ја темпиравме за стартот, што се покажа исправно. Но, одигравме дисциплинирано и сакам да им честитам за победата на одбјкарките и додаде:
-Посебно сакам да им честитам на оние кои оваа сезона се во тимот и да им порачам дека мора да истраат прво во напорните тренизни, ќе има нови победи во кои ќе се радуваат, но и во натпревари во кои ќе тагуваме заедно, но тоа е спортот.






