Press "Enter" to skip to content

Нов пораз со гол разлика на Еурофарм Работник, а имаа плус 4 (фотогалерија)

Еурофарм Работник – Татран Прешов 23:24 (14:13)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 1500. 

Судии: Бартош Лесцински и Марцин Пичота од Полска. 

Делегат: Јован Попадиќ од Србија.Еурофарм Работник: Митревски (10 одб., 2 сед.), Чаневски (1 сед.), Ојлески, Маџовски 2/2, Чурлевски, Стјепановичќ 2/4, Радовиќ 2/5, Шевелев 1/1, Јотиќ 2/4, Вегар, Кукоски, Остроушко 8/12, Граџан 5/6, Ѓукиќ, Кузманоски, Петровски 1/2.

Седмерци: 0/2, Исклучувања: 8 мин.

Татран Прешов: Цвитковиќ (10 одб., 1 сед.), Чуприна (1 одб., 1 сед.), Рабек 7/10, Ѓериќ, Лапајне 3/5, Крок 1/2, Муњоз 5/6, Урбан 1/3, Хозман, Вучко, Страновски 2/3, Михалка 2/3, Грзентиќ, Чарапкин, Афану Гатине 3/5.

Седмерци: 2/5, Исклучувања: 8 мин.Четврт пораз на екипата на Еурофарм Работник и повторно само со гол разлика, во натпревар каде постојано имаа водство, ја имаа победата, но бркаа реми во последната минута. Еурофарм Работник во рамките на Лигата на шампионите загуби од Татран Прешов, во петтото коло со резултат 23:24, во натпревар во најголем дел беше во позитива, а гостите имаа предност на почеток со 1:0, а потоа и во финишот од првото полувреме со 13:12, но  со два гола на Еурофарм Работник на одмор се отиде со резултат 14:13.Вториот дел не донесе нешто нов во поглед на играта, се играше изедначено и по резултатто, а по 17:17, Еурофарм Работник дојде до предност од +4, 21:17. Потоа гостите постигнаа пет гола за шест минути и на седум минути до крајот на натпреварот резултатот беше 21:22, но дојде израмнувањето за 22:22. Двете екипи постигнаа по еден гол за 23:23, а крај беше 24:23.По натпреварот, на прес-конференцијата, тренерот на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски, рече:-Ако треба да се земе пример како еден тим од позитивна го носи мечот во негативна насока, тогаш тоа сигурно сме ние. Четврти натпревар оваа сезона губиме со еден гол разлика. На спротивната страна имавме расположен голман и тој се надоврза на нашиот лош втор дел. Сакам да им честитам на моите ракометари за борбеноста, но не и за храброста. Чест е да се игра пред полна сала во Битола, но треба да се игра докрај за секоја топка и да се покаже повеќе храброст.Славко Голужа, тренер на Татран Прешов, ја пофали битолската публика и додаде:-Едвај чекав да дојдам во Битола, бидејќи за ова сонував уште како дете, Пелистер го гледав како мал, чувајте го тоа што го имате, благодарност за атмосферата на навивачите. Мислам дека победи посреќниот и похрабриот, не беше воопшто лесен меч. Еурофарм е добар тим, ние го одигравме најдобриот натпревар во ЛШ, па ова за нас се големи бодови.